Трета последователна година ИНТРАМА добива награда за најдобро пакување.

Трета последователна година ИНТРАМА е победник на националниот натрпревар за најдобаро пакување 2020.

Целта на натпреварувањето е да се наградат и промовираат иновативни пакувања на храна и пијалоци, како и нови материјали и технологии за пакување. Кокурентните пакувања мора да ги исполнат највисоките барања во однос на безбедност на храната, да гарантираат функционално складирање и транспорт, погодност за потрошувачите и екосъобразност. 

Наградата беше доделена за:

Пакување со брендот “Detelina’s”

Пакувањето е триплекс структура со висока бариера. Процесот на печатење имплементира комбинација од два ефекти(сјај + мат), кои му даваат исклучително стилски изглед на крајното пакување. Како резултат на комбинацијата од висококвалитетна фолија и печат, имаме стилско пакување со оригинално решение за печат се со цел да се постигне визија што придонесува за диференцијација на спакуваниот производ.

 

МАП пакување со брендот “Shef Mesar”

Пакувањето е 11-слојна структура со висока бариера за трејсилер, со антифог и easy peel. Крајниот резултат е иновативно МАП пакување во согласност со современите трендови. Пакувањето е со намален отпечаток на животната средина, безбеден, прегледен и практичен. Дополнителните функционалности на пакувањето за easy peel и антифог својство додаваат вредност на производот и ги исполнуваат потребите на маркетите за корисноста на пакувањето.