Интрама Македонија е фирма ќерка на Интрама Германија. Седиштето на фирмата ИНТРАМА во Македонија се наоѓа во град Струмица и има представништво во Скопје.
ИНТРАМА Македонија е формирана во 2002 и од таа година е високо позиционирана на пазарот за машини и конзумативи за прехранбено – кондиторска индустрија.

Layer-122_sZYZitl2TznltQZh_1395659423.jpg

Производната база на фирма ИНТРАМА се наоѓаат во сестринската фирма ИНТРАМА Бугарија. Таму се производствените погони за етикети, фолија и автоматски линии за вакуум пакување. Екипата од 150 вработени во ИНТРАМА, се одликуваат со професионалност и компетентност, кое ја прави компанијата сигурен партнер во изнаоѓањето и реализацијата на комплексни решенија, сврзани со преработка, пакување и трговија на прехранбени продукти.

Ние разполагаме со високо квалитетни продукти, високо квалификувани и ангажирани соработници и моќна организација, изградена за да може не само да одговори на високите барања на клиентите ни сега но и за да обезбеди можност за постојано подобрување на структурата и процесите, претворајќи ја ИНТРАМА во сигурен иден партнер. 

Од 2008 година во ИНТРАМА Бугарија е воведен Системот за управување со квалитет ISO 9001 и системот за управување со безбедноста на прехранбените продукти ISO 22000.

ИНТРАМА Германија

Активностите на ИНТРАМА Германија како фирма мајка се изразуваат во водење на трговски преговори, уточнување на технички детали, обезбедување на финансиска стабилност на фирмата, уредување на транспортно логистичката дејност.

Главните предности на постоење на седиште на фирмата во Германија се: близина и комуникација со добавувачите, контрола на корпоративната група и правна заштита според германското законодавство.

Layer-151_YWhY9jHPoV5Q4UjE_1395659423.jpg
Layer-161_6jHgEOfVjsOPo2eD_1395659423.jpg

ИНТРАМА Бугарија

ИНТРАМА Бугарија е посветена на работа сврзана со производство и пласман до клиентите. Трговските бази на ИНТРАМА можат да бидат откриени во сите поголеми градови.

Главните производствени бази на фирмата се наоѓа во Софија и градот Пловдив. Сите канцеларии имаат технички сервис, внатрешна служба и регионален менаџер.