Машини за пакување со стреч фолија

strec1_pUx3jBgvmNoZ6Gvj_1394802552.jpeg

Автоматските машини за пакување на прехранбени производи со стреч фолија на Waldyssa наоѓаат примена во кланици за пилиња, претпријатија кои се занимаваат со месопреработка, рибопреработка, пакување на овошје и зеленчук, кондиторски работилници, трговски објекти и др. Производите можат да бидат ставени во чинии со различни форми и бои кои обезбедуваат подобар трговски вид на вашите производи.

Машините се изработени целосно од нерѓосувачки челик, алуминиум и материјали отпорни на корозија, што е гаранција за сигурност и издржливост .

Секоја машина на Waldyssa може да биде поврзана со рачен или автоматски уред за етикетирање на Bizerba, заштедува време и место.