Подни ваги

podna_aSO8722h3wXLCxjU_1395223214.jpg

Во четирите агли вагата е опремена со фиксирани јазичиња за прицврстување на рампа за искачување. Едноставноста и стабилна изведба на уредот гарантира работа со малку одржување и абење, како и задржување на точноста на уредот за подолг временски период.

Подната платформа за мерење е изработена во целост од висококвалитетен, мазен, нерѓосувачки челик 1.4301. Опремена е со 4 тензо-сензори кои се херметички запечатени и исклучително отпорни на корозија.

Еластичните елементи за преземање на тежината гарантираат намалување на ударите, осцилација и самоцентрирање на вагата. Приклучните кабли на тежинските сензори се доведени до заедничка метална кутија. Можност за врска со терминал за индикација преку посебен кабел.