Принтери TSC

1_uxcplBS0p0bAkvYV_1395654161.jpg

ИНТРАМА нуди широк спектар на етикетни принтери од брендот TSC, за термодиректно или термо-трансферно печатење со резолуција 200 dpi и 300 dpi. Принтерите се со вградени True - Type скалабилни фонтови и микропроцесорска контрола, што овозможува печатење на симболи со различни големини и широк спектар на стилови, имаат можност да ги печатат и сите видови на бар-код ( EAN 13, EAN 8, UPS, Code128 и др. ), постојани или променливи алфанумерички информации, како броење, датум, време, графички знаци, специјални карактери и др. врз етикети од хартија, полиестер, PVC, картони и текстил. Термо трансферен и термодиректен печат претставува нанесување на информации врз хартија или фолиен материјал кои наоѓаат широка примена во индустријата.

Термодиректниот печатач печати слики, со селективно загревање на термичко осетливиот хемиски слој, нанесен врз хартија. Термодиректните принтери печатат преку термо глава која притиска хартиена етикета на погонска гумена ролна. Термо премазот станува црн на местата каде се затоплува и на тој начин се печати слика.