dBqhwych_5gH5eaDebYCfYbgW_1480332486.png

Иницијатива Save Food

Позицијата на INTRAMA за членството и во SAVE FOOD

SAVE FOOD е иницијатива, која за прв пат е представена во 2011г во Берлин од партнерите Messe Duesseldorf и FAO од ООН. Така SAVE FOOD ја поставува на дневен ред економијата на светскиот проблем од загубата која се генерира како резултат од исфрлувањето на прехранбените продукти.

Во INTRAMA сме горди, што нашата компанија стана дел од глобалната иницијатива SAVE FOODсојуз на заинтересираните истомисленици од целиот свет за борба против исфрлањето на прехранбен отпад. Врз основа на нашето искуство, предизвиците пред кои сме биле исправени, како и развојот на пазарите на Балканот, ние сме посветени кон целите на SAVE FOOD.

Мотото на INTRAMA "Ние ја правиме храната повредна!", ја одразува мисијата на компанијата и едновремено со тоа е во непосредно блиска со целите на SAVE FOOD. За подобрувањето на храната како и зголемување на нејзината вредност е потребен квалитет како и да е добро заштитено и правилно складирано, така да се избегнат загуби од губење на квалитетот и уништување на прехранбените продукти. На пазарите кои ги опслужува INTRAMA, ние веќе имаме значаен придонес за постигање на овие цели.

Од 1994 година навака INTRAMA доставува комплексни техничко-технолошки решенија во вид на опрема, консумативи и сервизни услуги за клиентите на прехранбената индустрија, пакувањето и реализација на пазарот во Бугарија. Во рамките на две десетлетија ние успеахме да ја рашириме нашата дејност во Македонија, Романија, Косово и Србија.

Со техничко-технолошките решенија ние ја покриваме и чуваме вредноста на храната во нејзината целосна низа на реализација од „кланица до рафтови на маркет“. При тоа, пазарот е карактеристичен со традиционална локална преработка на продуктите. INTRAMA е еден од водечките пионери на Балканскиот полуостров, кој ги воведе модерните системи за пакување како стандард, особено во овласта на пакување на прехранбени продукти.

Меѓувреме INTRAMA изгради своја производствена линија на машини за пакување, фолија и кеси за вакуум пакување, како и етикети. Сопственото производство ја претвори INTRAMА во еден од малкуте прозиводители во Европа, кои ги доставуваат овие продукти од еден извор, а со тоа предлага завршени системски решенија.

INTRAMA порасна во еден регион со вистинска потреба за развој. Ние ги знаеме проблемите и барањата на производителите на прехранбени продукти. Производството на нашите клиенти е при сравнително потешки услови од тие во една развиена европска економија. На нашите пазари треба безусловно да биде ограничена загубата на храна по целиот нејзин синџир на преработка. Тоа е особено важно заради пониската куповна моќ на крајнот потрожувач.

Во заклучок – ние имаме искуство, кое е собрано од тешкотиите и барањата на пазарите во развивање, имаме сопствено производстов и соодветно обезбедуваме адаптирани системни решенија за да одговориме на овие барања. Затоа сме уверени во нашиот ценет придонес кон глобалната иницијатива на SAVE FOOD.

Ние се стремиме на Балканот но и надвор од него да допринесеме за цпречување на загубата на прехранбените продукти, за зачувување на квалитетите им како и за зголемување на нивната вредност.