За нас

INTRAMA е воспоставен производител на висококвалитетни термоформирачки вакуум машини, автоматска машина за подредување на слајс, фолии со бариера за пакување и самолепливи етикети на ролка. Производната активност на INTRAMA ја претвори компанијата во еден од ретките производители во Европа која може да ги испорача овие три производи од еден извор и нуди комплетен циклус на решенија.
 
     
Флексибилни пакувања                INTRAMA Accent                             Етикети                     

 

Формирана во Германија во 1993г, компанијата успешно ги развива своите операции во Бугарија, Македонија, Романија, Србија, Косово и Албанија. Производствената дејност и централниот менаџмент се концентрирани во Бугарија. Во текот на својата долга историја, компанијата се етаблира како стабиле, сигурен и префериран партнер во Бугарија и Југоисточна Европа.

 

Како предстваник на водечки европски производители Интрама е сеопфатен снабдувач на технолошка опрема и потрошен материјал за прехранбената индустрија, HoReCa и продавници за малопродажба.

ИНТРАМА Македонија е фирма ќерка на ИНТРАМА Германија. Седиштето на фирмата ИНТРАМА во Македонија се наоѓа во град Струмица и има представништво во Скопје.
ИНТРАМА Македонија е формирана во 2002 и од таа година е високо позиционирана на пазарот за машини и конзумативи за прехранбено – кондиторска индустрија.

 

Нашата мисија е нашето мото: Ние ја правиме храната поскапоцена!

Ние настојуваме да придонесеме за спречување на губење на храна, зачувување на квалитетот на храната како и зголемување на нејзината вредност. За складирање на храната и самата храна да си ја зголеми својата вредност, треба да биде добро заштитена и кавлитетно спакувана. Ова значително ги намалува загубите од уништувањето и исфрлување на прехранбени производи. Познато е дека во светот околу 30% од храната се уништува, додека милиони луѓе гладуваат. Основен елемент на пакувањето, освен заштитата на хранате е и нејзината презентација пред крајниот корисник и има значајна улога во борбата со конкуренцијата. Знаејќи ја важноста на пакувањето, професионалци на ИНТРАМА произведуваат високо квалитетни вакуум машини со термо формирање INTRAMA Accent и  фолија со барира, прилагодена кон идивидуалните особини на секој производ, гарантирајки максимална заштита на квалитетот на прехранбениот производ. Истовремено преку последната генерација на печатарски машини Интрама обезбедува беспрекорен печат на флексо пакувања и самолепливи етикети, тшо придонесува за одличната визија на производот и помага за неговата успешна реализација во трговската мрежа.

Во  ИНТРАМА сме горди што нашата компанија стана дел од глобалната иницијатива SAVE FOOD – сојуз на заинтересирани привраници од целиот свет за борба против отпад од храна. Врз нашето искуство, предизвиците со кои се соочивме и развојот на пазарите на балканот, целосно сме посветени на целите на SAVE FOOD и направивме значаен придонес за нивното достигање.

ИНТРАМА е општествено одговорна компанија која работи во хармонија со пазарни услови преку лојалност, транспарентност и чесност. Вниманието на вработените и одговорноста за следната генерација се клучни за корпоративната политика на компанијата.