INTRAMA Accent

Машината е произведена во Бугарија од INTRAMA и е резултат на долгогодишното искуство на компанијата во експлоатацијата на машини за пакување од водечките европски производители.

INTRAMA Accent е автоматска линија за пакување во вакуум и модифицирана гасна средина со можност за работа со тврда и мека фолија.

INTRAMA Accent е дизајниран да обезбеди:

  • Висока сигурност и безбедност при работењето
  • Одлично ниво на функционалност прилагодена на индивидуалните потреби на клиентот
  • Олеснето управување со работните процеси и техничка поддршка
  • Хигиенски дизајн
  • Постигнување беспрекорна визија на спакуваните производи

 

 

Со својоата нова разработка, INTRAMA се фокусира на потребите на клиентот. Секоја една машина е прилагодена на неговите индивидуални барања и потреби, а не со барањата за нејзино масовно производство. Клиентите на INTRAMA имаат единствена можност да се вклучат во развојот на машината - опција која ниту еден друг производител не го нуди.
 

Во машината се инсталирани функционални јазли од водечките светски производители: вакуум пумпа - Rietschle или Busch, управување - Siemens, пневматски компоненти - Camozzi, електрични компоненти - Schrack, синџири од не'рѓосувачки челик - Tsubaki. Вакуум пумпата е опремена со филтер за филтрирање на честички, што го олеснува чистењето и го продолжува нејзиниот работен век. Брзата промена на инструментите, лесната монтажа на фолијата и брзото воведување во експлоатација штедат време на сервисен персонал и ја зголемуваат ефикасноста на работниот процес.

 

 

Техничка спецификација:  
  • Димензии (Дхххх): 3500; 4400; 5000; 6000 mm (D), 1105 mm (W) x 1900 mm (B)
  • Работна висина: 940 мм
  • Област на полнење: околу 450 милиметри
  • Чекори: 120 до 360 мм
  • Макс. длабочина на истеглување: 100 mm
  • Макс. перформанси до 6-7 чекори за минута
  • Напојување: 400 V, 50 Hz, 3 фази, N, PE
  • Инсталирана моќност: 8,5 kW
  • Потрошувачка на воздух: околу 65 l / циклус
  • Притисок: мин 6 / макс. 10 бара
  • Потрошувачка на вода за ладење: околу 120 l / h
  • Vac. пумпа: Rietschle / Busch, краен вакуум 0,1 mbar
  • Долна фолија: ширина 420 мм; (355 мм)
  • Дијаметар на ролната max 450 mm, шпула 76 mm / 3 "
  • Горна фолија: ширина 420 мм; (355 мм)
  • Дијаметар на ролната max 350 mm, шпула 76 mm / 3 "
  • Опции: фотоќелија за работа со печатената фолија
  • Централно подмачкување на ланецот