INTRAMA Accent со иновативен систем за контрола на термоформирање

 

Иновации. Увид. Страст


Во INTRAMA, повеќе од 25 години сме посветени на пакувањето на храна. Ние секогаш размислуваме напред и развиваме нови решенија, иновации и технологии за да го направиме процесот на пакување што е можно поефикасен, поквалитативен и поекономичен. ИНТРАМА вложува континуиран напор да го следи и охрабрува воведувањето на добри практики за одржливост, за намалување на отпечатоците од нашите активности врз животната средина и да им помогне на нашите клиенти да го сторат истото.

Иновациите се во основата на нашиот бизнис. Ова не е случајно, туку резултат на нашата основна корпоративна цел - континуирано подобрување на нашите производи и решенија со цел рафинирање на процесот на пакување. Ние, во Интрама, не воведуваме иновации само по себе - само затоа што е новост. Ние работиме во тесна соработка со нашите клиенти за да разбереме што навистина им е се потребно, какви проблеми имаат и какви предизвици треба да надминат. Ги слушаме, меѓусебно соработуваме и даваме решенија што се всушност потребни за нивните продукции. Сите наши нови производи за прв пат се тестираат во вистинско опкружување во производствата на клиентите пред да се воведат широко.

Нашата страст кон иновации, потрага по напредок и длабоко познавање на процесот на термоформирање резултираа во најновата иновација вметната во нашата линија за термоформирање INTRAMA Accent:

Напреден метод за контролирано термоформирање INTRAMA TF Control


При термоформирање со новиот иновативен модул INTRAMA TF Control, долниот филм ја исполнува основата за формирање на матрицата, при што е придружена низ целата длабочина на формата. Овој метод обезбедува подобро рамномерно истеглување на фолијата по должината на sидовите на пакувањето без прекумерно истенчување или кинење на аглите. Како резултат, работата со потенка долна фолија станува возможна дури и при подлабоко термоформирање. На овој начин, намалувањето на филмот и производите заради неправилно пакување се намалува од една страна, а од друга страна - се намалува влијанието на процесот на пакување врз животната средина. Сето ова е имплементирано во  совршен еконоски исход од работењето со потенка и поекономична фолија отколку со подебела и поскапа фолија.

Со иновативниот метод на контролирано термоформирање INTRAMA TF Control, длабочината на формата на фолијата се дефинира со систем на сензори. Сечење и фрлање на фолија, поставување и одземање на плочките за формирање од делот за формирање остануваат во минатото! Длабочината на формирање се прилагодува од 15мм до 100мм со чекор од 5мм од контролниот панел на термоформерот. Секоја посакувана длабочина може да се зачува во програмата како готов рецепт, кој автоматски ја прилагодува длабочината на форматот по последователен избор.

Алатката за формирање се заменува исклучително брзо и лесно. Овозможен е лесен пристап до долниот дел за формирање, каде што е можно да се извади целиот формат за пакување и да се замени со нов.
Системот за контролирано термоформирање INTRAMA TF Control овозможува два начина на работа: стандардно формирање на дното на филмот со автоматско прилагодување на длабочината на форматот и иновативниот метод INTRAMA за термоформирање преку придружување на фолијата по целата длабочина на формата. 

Предности:

- Сигурна заштита на вашиот производ заради порамномерно формирање на фолиото по ѕидовите и аглите на пакувањето;
- Намалување на отпадот;
- Престанете да фрлате фолија и храна;
- Промена на длабочината на формирање на пакувањето преку контролниот панел на термоформерот со зачувани посакувани поставки - брзо, лесно и практично;
- Започнете со пакување со до 20% потенки долни фолии. Ова е можно дури и при длабоко формирање;
- Намалување на еколошкото влијание на вашите активности;
- Поволниот економски ефект од сето ова е одреден и континуиран показател.